Здружението за афирмација на уметност „Флуктус“ од Скопје отвори јавен повик за млади автори за креирање поткаст во областа на културата во рамки на проектот „Поткасти на Самоглас“ поддржан од Министерството за култура.
-Избраниот автор/ка ќе има целосна слобода за содржината што сака да ја креира, а од тимот на проектот „Самоглас“ ќе добие креативна, техничка и финансиска поддршка при процесот на изработка на материјалот. Поткастот ќе биде објавен на мобилната апликација и веб-платформата www.samoglas.mk. Со тоа ќе се промовира нова продукција на аудиосодржини на „Самоглас“, која ќе биде отворена за сите слушатели, како и за креатори коишто сакаат да учествуваат во нејзиното надополнување, соопшти Здужението „Флуктус“.
Конкурсот е отворен до 31 мај 2022. Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат пријавата достапна на линкот: https://forms.gle/PBRttzYqQu48hHMm8 и да достават кратка аудиоснимка (до две минути) која треба да звучи како најава за поткастот. Изработената снимка треба да се достави на contact@fluctus.mk.
Здужението „Флуктус“ наведува дека секој може бесплатно да ја користи аудиобиблиотеката преку креирање кориснички профил на www.samoglas.mk или со користење на мобилните апликации на „Самоглас“ кои се достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery. За сите новости за проектот може да се информираат на официјалните профили на „Самоглас“ на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.