Во Македонска Каменица денеска се одржува саем на книги на издавачката куќа „Сакам книги”, во организација на Културно-информативниот центар „Романса”, чиј директор Гоце Стојановски.

– Платото со наслови од издавачката куќа „Сакам книги” е во дворот на нашата установа, каде има голема заинтересираност. По подолго време во Македонска Каменица имаме саем на кој читателите можат да ги одберат бараните наслови, рече Стојановски.

На настанот присуствуваше и градоначаникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази задоволство што културата повторно се враќа на највисоко ниво, имајќи ги предвид, како што рече, големиот број културни настани кои ќе следуваат во наредниот период.

Тој најави дека годинава повторно ќе се организира манифестацијата „Каменичко Културно Лето”, за што веќе се започнати првичните подготовки, додека од КИЦ „Романса” најавија богат репертоар со културни настани за месец мај, исполнет со концерти, ликовни изложби и театарски претстави за деца и возрасни.