Преку работилница и изложба на модни креации направени од учениците во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ – Штип деветооделенците од основните училишта имаа шанса да се запознаат со можностите што ги нуди ова училиште. На лист хартија на изложбата можеа да се забележат и дела изработени од материјал, за кои според дизјанерите потребна е желба и креативност за да се создаде вакво дело.
Средношколците кои учествуваа во изработка на делата за изложбата велат дека вака се покажува креативноста на учениците и можноста понатаму да го остварат својот сон.
-Многумина кога ќе се каже дека учиме во текстилната мислат дека утре ќе завршиме на машини, но нашата инспирација и желба не е тоа бидејќи ние сакаме да напредуваме, да се надоградуваме и да одиме чекор нагоре, вели ученичката Марија Тасева.
Креациите на лист хартија се изработуваа во текот на првото и второто полугодие оваа година, а денеска можност да изработат имаа и самите деветоодделенци. Изложбата може да се види во Библиотеката „Гоце Делчев“-Штип.