Во рамки на Фестивалот на филмските сценарија денеска ќе им бидат врачени признанијата „Скрипт фест“ на добитниците за 2022 година Леонид Велковски, Андреј Ристиќ, Кирил Максимоски и Зоран Митровиќ.

– Поради големиот број пристигнати авторски ракописи на Конкурсот за филмски сценарија и нивниот висок квалитет, покрај трите награди, ќе бидат доделат и четири признанија „Скрипт фест”, информираат организаторите.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје, а коорганизатори на Фестивалот „Скрипт фест” се Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” и Домот на културата „Кочо Рацин” од Скопје.