„Во чест на виното, низ времето” е насловот на изложбата на фотографии што денеска беше отворена во дворот на Вински музеј Кавадарци. Настанот беше по повод 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите.
Директорката на Музејот, Весела Честоева рече дека целта е ширум да се отворат вратите на музеите, за сите посетители да можат да се запознаат со богатото културно наследство. Таа појасни дека фотографиите говорат за тоа како се славело виното низ годините.
Автор на фотографиите е Бранко Ивановски, кој со фотографија се занимавал скоро шеесетина години.
По неговата смрт, најблиските ја подариле целата фотодокументација на Музеј галеријата во Кавадарци. Таа се состоела од над пет илјади фотонегативи.
За Ивановски проговори слободниот уметник, Јадран Манчев. Манчев рече дека фотографиите се со многу висок квалитет.
Покровители на настанот беа градоначалникот на Кавадарци и Советот на општината Кавадарци.