По повод Светскиот ден на музеите, во Националната установа Музеј Куманово, во „Занаетчискиот дом“ ќе бидат промовирани монографиите „Добри Трендафиловски Добрин“, „Исени Реџаи“, „Ѓорѓе Шијаковиќ“ и „Димитар Стојчевски“ како и книгите „АртМемориам“ и „Наива“. Автор на овие дела е Гоце Божурски, историчар на уметност и сликар.

На промоцијата ќе се обратат и Дита Старова Ќерими, Маја Јакимовска Тошиќ, Роберт Алаѓозовски и Никола Гелевски.

Делата коишто ќе бидат промовирани се објавени во период од 2019 – 2021 година.