Пратеникот и поранешен грчки министер Јоргос Кумуцакос, преку писмо до претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, предлага парламентарна делегација да го посети Киев и изразува уверување дека во рамките на активностите на парламентарната дипломатија, потребно е дополнително да се поддржи Украина, политички и морално, јави дописничката на МИА од Атина.
Кумуцакос предлага делегацијата да биде составена од претседателството и членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи и Групата за пријателство Грција- Украина.
Во писмото до претседателот на грчкиот Парламент, истакнува дека со драматичните случувања во украинското прашање и продолжувањето на воената инвазија од Руската Федерација потребна е дополнителна координирана поддршка за Украина од Европската унија, САД, НАТО и земјите- членки.