Balkans Beyond Borders (BBB) ги повикува младите македонски режисери да ги пријават своите филмови на 13. издание на интернационалниот фестивал за кратки филмови.
Фестивалот првпат ќе се одржи во земјава и тоа во Битола, откако во последните 12 години патуваше во Белград, Тирана, Атина, Букурешт, Сараево, Солун, Брисел, Нови Сад, Измир и Приштина.
Фестивалските награди ќе ги додели жири составено од познати професионалци од филмската индустрија. Наградата за најдобар филм е 1.000 евра, а ќе биде доделена и награда за најдобар дебитантски филм, специјални признанија и награда од публиката.
Конкурсот е отворен за младите уметници од Балканот и пошироко, а рокот за пријавување е до 31 мај оваа година.
За условите и начинот на пријавување може да се прочита на http://www.balkansbeyondborders.eu/extension-of-the-submissions-period-of-the-13th-edition-of-balkans-beyond-borders-short-film-festival/.