На сцената на летното кино „Мирно Лето“ на Кинотека денеска ќе бидат доделени годишните награди „Златен објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Добитници на наградата годинава се филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре.

На лауреатите ќе им бидат доделени традиционални пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.