Во КЦ „Магаза“ во Битола вечерва ќе биде промовирана книгата „ОбојОбојОбој“ од авторот Јордан Николов.

Збирката раскази, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најново прозно остварување на Николов – битолчанец, книжевник и диск-џокеј. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“.

-Во оваа книга првпат, колку што му е познато на авторот се применува методот на Бјордан (Byordan) – техника за одредување просечно времетраење на едно книжевно дело (вредност дефинирана откако бил тестиран примерок од 37 случајно одбрани читатели во различни временски услови, расположенија, периоди од денот, местоположба, замор и исцрпеност од работни обврски или наспани и одморени разгалени студенти, влијанија од кофеин, алкохол или слични стимуланси или отсуство од нив), велат од „Арс Ламина“.

По официјалното претставување на книгата, во „Магаза“ ќе следува диџејски настап на авторот Николов.