Воениот оркестар при кралската гарда на Кралството Норвешка вечер со почеток од 18:30 часот ќе одржи едночасовен самостоен концерт во Филхармонија.

На концертот, кој е дел од предвидените меѓуармиски активности со кои се одбележува тридеценискиот јубилеј на Армијата на Република Македонија, посетителите од армиските редови и од Министерството за одбрана ќе имаат можност да проследат повеќе нумери на кралскиот оркестар со кои ќе се претстави сојузништвото, соопшти ГШ на АРСМ.

На заедничкиот концерт ќе присуствуваат началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и началникот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еjрик Кристоферсен, амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Еугене Гјелстад, генералите во Армијата, припадници од Министерството за одбрана и Генералштабот, од Амбасадата на Кралството Норвешка, асоцијацијата на воени аташеи и други гости.