Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница зборуваше за меѓуопштинска соработка меѓу град Скопје и општина Ѓорче Петров за партерно уредување и озеленување на просторот меѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково.
-Денеска на денешниот дневен ред пред нас е одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу град Скопје и општина Ѓорче Петров за партерно уредување и озеленување на просторот меѓу реката Лепенец и пречистителната станица Волково. Вкупната вредност за реализација на ова меѓуопштинска соработка 68. 5 милиони денари со вклучен ДДВ. Град Скопје во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со геодетски снимања, изработување на проект на документација, расчистување на теренот, изградба на пешачки патеки, изградба на бунари за полевања со подземни води, поставување на урбана опрема, хортикултурно уредување на зелена површина и садење на садници за што се обезбедени финансии од буџетот на град Скопје за 2022 година во износ од 67 милиони денари, додека општина Ѓорче Петров во остварувањето на оваа соработка ќе учествува со изградба на урбана опрема, детски игралишта и реквизити, проект за осветлување во вкупна вредност 1.5 милион денари обезбедени финансиски средства од буџетот на општина Ѓорче Петров. Уредување на просторот во однос на опфатот изнесува 30.900 метри квадратни од кои за зелени површини се планираат 17.534 метри квадратни, за пешачки патеки 13.366 метри квадратни и истите се прецизирани во основниот градежен проект за изградба на мега парк во општина Ѓорче Петров изработен од страна на Јавното претпријатие „Улица и патишта“- Скопје и предлог идејно решение за хортикултурно уредување на јавна површина, мега парк во општина Ѓорче Петров изработено од страна на јавното претпријатие “Паркови и зеленило- Скопје. Исто така се планираат да се насадат 2250 садници и грмушки, рече Андоновска.
Таа во врска со овој капитален проект потенцираше дека ова претставува исполнување на дел од програмата на градоначалничката, Данела Арсовска чија што програма ја поддржа и ВМРО-ДПМНЕ. Андовска исто така апелираше и до сите советници да се изгласа овој проект кој е многу значаен како за скопјани така и за граѓаните на општина Ѓорче Петров.
-По претходно утврдената потреба за уредување на овој јавен градски простор овој проект е оценет како еден од заедничките интереси и претставува заеднички приоритет на градот Скопје и на општина Ѓорче Петров. Како советник кој што доаѓа од општина Ѓорче Петров изразувам огромно задоволство за отпочнување реализација на еден ваков голем капитален проект, мега парк во општина Ѓорче Петров за кој граѓаните на Ѓорче Петров и Скопје го заслужуваат. Воедно ја поздравува оваа одлука која значи исполнување на дел од програмата на градоначалникот Данела Арсовска чија што програма ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ја поддржа. Овој проект значи исполнување на едно од ветувањата. т.е Ѓорче Петров и граѓаните на Скопје ќе добијат еден голема мега парк, онаков како што заслужуваат и како што веќе требаа да имаат. Но, никогаш не е доцна да се почне со едни вакви капитални проекти. Исто така апелирам и до советниците да дадат поддршка за овој проект кој е од интерес на граѓаните како на Ѓорче Петров така и на Град Скопје, додаде Андоновска.