Пораките и предупредувањата кои во изминатите денови ги испраќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, доцна синоќа, одлучи да ги повтори, но на грчки јазик, преку неговиот официјален „Твитер“ профил, за да ја предупреди Грција „да се вразуми“, на што портпаролот на грчката Влада му порача дека грчкиот е јазик на логиката, слободата и правото, додека пак лидерот на СИРИЗА на Ердоган му одговори на турски јазик, јави дописничката на МИА од Атина.

-Уште еднаш ја предупредуваме Грција да се вразуми, да се држи настрана од соништа, реторики и постапки кои ќе ја доведат до резултати за кои ќе се кае, како што се случи пред еден век, порача на грчки јазик Ердоган преку неговиот официјален „Твитер“ профил.