Две лица го загубија животот во Албанија од силното невреме што ја зафати вчера доцна попладне, проследено со обилни дождови, силен ветер и електрични празнења.
– Од удар на гром кој удрил во куќа во близина на северниот град Скадар, истата се запалила а од здобиените изгореници од громот и пожарот во болницата во Скадар починал 51- годишниот Арбен Иванај.
Исто така во овој регион од удар на гром изгорела уште една куќа, пренесува Топ чанел.
Втората жртва е 74- годишен маж чиј труп е пронајден во водите крај пристаништето во Валона.
Првите сознанија наведуваат дека го повлекле големите бранови.
Невремето ја зафати целата територија на земјата а според надлежните за неколку часа наврнал дожд колку за половина во април.