Поранешниот албански министер за надворешни работи, познат историчар и универзитетски професор Паскал Мило смета дека по последниот самит на Отворен Балкан, Приштина треба добро да размисли и да се приклучи кон оваа иницијатива.

-По самитот во Охрид, Приштина треба да има силна рефлексија. Ова го кажувам од она што го следам, од развојот на настаните, но и од искуство. И покрај тоа што Приштина има право да претендира за статус и односи со Србија, сепак не ги заштитува интересите доколку остане надвор од процесот, смета Мило.

Гостувајќи во емисијата “Топ стори” на Топ чанел телевизија, тој додаде дека со останувањето надвор од оваа иницијатива Косово ја губи шансата да ги реши своите проблеми, бидејќи Отворен Балкан ја добил поддршката од САД и ЕУ.

– Како ќе ги решите проблемите кога зад оваа иницијатива стојат САД, кои се партнер и главен адвокат на Албанците и ЕУ. Овде нема конфронтација на ЕУ и САД, ниту ривалство, тука има поделба на работите меѓу нив. Секој има своја улога да одигра и да ја поддржи оваа иницијатива. Косово треба да гледа на тоа во оваа форма и да се обиде да работи од двете насоки, треба да се одрази, да стане актер во процесот. До сега можеше да има изговор кога немаше други земји, но после тоа, констатира Мило.