Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска попладнево му поднесе оставка на премиерот на државата Кирил Петков, соопшти прес-центарот на министерството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, причината за нејзинта оставка е поврзана со одлуката на „Има таков народ“ (ИТН) да ги повлече своите министри од владата, се вели во соопштението.
Претходно денеска оставка поднесе и министерот за енергетика Александар Николов, исто така од квотата на ИТН.
Претходните денови оставки поднесоа и другите двајца министри на ИТН – регионалниот Гроздан Караџов и спортскиот Радостин Василев.
Се уште не е јасно кога ќе бидат изгласани во парламентот, дотогаш ќе ги извршуваат своите функции.