Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, заедно со 13 македонски компании од автомобилскиот сектор учествуваат на регионалниот автомобилски саем во Тирана.

Саемот вчера официјално го отвори Премиерот на Албанија Еди Рама од кого што и беше поддржан овој настан.

На свеченото отворање каде меѓу стопанствениците и посетителите присутни беа и претседателот на Косовската Бизнис Алијанса, Агим Шахини и министерката за претприемништво Едона Билали од Албанија, свое обраќање имаше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ Беким Емини .

Овој настан, кој за прв пат се организира во Албанија е во организација на државното Министерство за заштита на претприемништвото во соработка со Генералниот директорат за услуги за патен транспорт и Министерството за инфраструктура и енергетика на Албанија.

Во деновите на саемот компаниите имаат можност да се промовираат и преку низата договорени состаноци изградат мостови за идна соработка и инвестиции. Во рамките на саемот изложени се и олд тајмери како и најновите и модерни технологии.