Концерт на млади музички уметници се одржа синоќа во Музејот на Неготино. Пред љубителите на класичната музичка уметност се претставија Јелопи Седеу Нишевиќ-соло пеење и Трајче Станков и Горјан Стојановски на пијано, сите ученици во државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Младите уметници пред неготинската публика се претставија со богата програма на Ј.С Бах, Л.Ван Бетовен, Рахмањинов, Ф.Кавали, Астор Пјацола.

-Со овие концерти, како и досега, Музејот отстапува и дава простор на млади музички уметници, кои се никулец на идни музичари и врвни пијанисти, рече директорката на Музејот, Драгица Чекорова, најавувајќи и уште многу други интересни културни настани за во иднина.