Триесет стари слики од Пехчево и околните села ќе бидат дел од изложбата „Пехчево низ слики” што ја организира Домот на културата „Јане Сандански” по повод престојниот празник на градот Павловден и Фестивалот на дувачки оркестри што ќе се одржи од 13 до 16 јули годинава.

-На сликите се претставени наши сограѓани, обичаите, стари градби кои даваат белег на нашето постоење дека градот Пехчево како културен центар постои многу одамна, велат од Домот на културата и упатуваат благодарност до сите што ја прифатиле иницијативата за споделување стари слики.

Организаторите се надеваме дека многу од граѓаните на сликите ќе препознаат личности кои веќе не се меѓу живите, но кои оставиле белег, придонесувајќи за развој на Општината.