Музика, танци и громогласни аплаузи ја одбележаа и третата вечер од Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2022″.
Ниту лошото време не ги спречи велешани да ја исполнат салата на ООУ „Блаже Конески” и да уживаат во фолклорната ризница претставена од ансамблите учесници.
Настапија „Распеани пензионери“ од Велес, ОКУД „Миомир Петровиќ“ од Србија, ФГ „Качаели фолклор Г.С.К од Турција, ансамбл „Керамичар“ од Велес, КУД „Страхонинец“ од Северна Македонија, ФА „Кочо Рацин“ од Скопје, ФА „Дружба“ од Република Словачка и ФТА „Дупница 2000 од Бугарија.
Во 20 часот вечер е последната четврта фестивалска вечер која, ако не врне, ќе се одржи на отворено, а ако врне исто така како и синоќа ќе биде во салата на ООУ „Блаже Конески“.