Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ќе го посети Вашингтон каде ќе се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден, само еден месец откако Лопез Обрадор ја одби поканата на Бајден за Самитот на Америка во Лос Анџелес.

Мексиканскиот лидер побара од Бајден да ги покани лидерите на Куба, Никарагва и Венецуела на форумот, а поддршката на САД за Украина ја нарече „глупава грешка“.

Американските власти сакаат Лопез Обрадор да ја повлече својата поддршка за фосилните горива и да ја прекине кампањата за поддршка на мексиканската државна електрана на сметка на централите за гас и обновливи извори на енергија од странство. Вашингтон поднесе неколку жалби во Договорот за слободна трговија САД-Мексико-Канада (USMCA) за да изврши притисок врз Мексико да усвои еколошки закони и прописи.