Во галеријата „Ко-Ра“ вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални цртежи од Игор Поп Трајков со наслов „Мината иднина“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и од Домот на културата „Кочо Рaцин“ – Скопје.

Ова е трета самостојна изложба на авторот во која повторно го истражува светот на дигиталните слики. Тој истражува варијации на историски, психолошки и теми од историјата на уметноста.

Игор Поп Трајков, кој има многу самостојни изложби, е активно присутен и во сферата на поезијата, прозата, како и познавач на визуелните уметности, а особено филмската и драмска уметност, тој своите инспирации ги преточува во дигитални цртежи, колажи како дел од визуелната уметност.

Тој исто така е влијателен писател, режисер, критичар, куратор, теоретичар, новинар, интелектуалец и активист во многу области, а учествувал на бројни меѓународни натпреварувања во различни области.