Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија ги зајакнува своите одбранбени позиции во областите што ги окупира во јужна Украина.

Според разузнавачкиот извештај објавен на Твитер, руските сили преместуваат персонал и опрема и одбранбени залихи меѓу Мариупол и Запорожје, и во Херсон, притоа ги зголемуваат безбедносните мерки во Мелитопол.

– Руските одбранбени потези веројатно се одговор на очекуваната украинска офанзива, на барањата на министерот за одбрана Шојгу за време на неговата неодамнешна посета на Донбас, како и на нападите извршени од Украина на командни пунктови, логистички јазли и концентрација на војници, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

Во документот се додава дека со оглед на притисоците врз Русите, засилувањето на југот додека трае борбата за Донбас веројатно укажува на сериозноста со која руските команданти гледаат на заканата