Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани вечерва концерт ќе одржи дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски.

На програмата се дела од Моцарт, Вебер, Лефевр, Росини, Бот, Илиевски и Огненовски. Концертот почнува во 20:30 часот на западната тераса на Центарот за култура.