Тројца мигранти и двајца мексикански државјани загинаа, а 12 мигранти се опоравуваат од повредите здобиени во сообраќајна несреќа на автопат во северно Мексико, соопшти Националниот институт за имиграција.
Како што пренесе Бета, меѓу жртвите има и девојка од Хондурас, но нема информации за националноста на другите две лица.
Несреќата се случила со комбе во северната погранична држава Нуево Леон.
Нема информации дали меѓу загинатите Мексиканци бил и возачот.
Меѓу повредените има луѓе од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала и Никарагва.
Од Институтот за миграција најавија дека ќе им бидат издадени хуманитарни визи, а телата на починатите ќе бидат вратени во нивните матични земји.