Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска соопшти дека на крајот од годинава во Вашингтон ќе се одржи самит на лидерите на САД и на африканските земји.
Бајден рече дека самитот ќе трае од 13 до 15 декември и оти ќе ја покаже „трајната“ посветеност на САД кон Африка.
Тој додаде дека собирот „ќе ја нагласи важноста на односите меѓу САД и африканските земји и поголема соработка во заедничките глобални приоритети“.
Бајден изјави дека самитот ќе помогне да се развие нов економски ангажман, да се зајакне заедничката посветеност на демократијата и човековите права, да се ублажат последиците од пандемијата на Ковид-19 и идните пандемии, да се промовира мирот и безбедноста, да се одговори на климатските промени, да се зајакне регионалното и глобалното здравје, и подобрување на безбедноста на храната.
Поранешниот американски претседател Барак Обама одржа сличен самит во Вашингтон во 2014 година, кога Бајден беше потпретседател. Самитот беше реализиран по патувањето на Обама во Африка во 2013 година