Министерот за наука на германската покраина Долна Саксонија, Бјорн Тимлер, по повод претстојната криза во снабдувањето со гас побара подолг зимски распуст за високообразовните институции во земјата.

За да се помине зимската сезона и да се намали потрошувачката поради греење, високообразовните институции треба да имаат подолг зимски распуст, изјави тој за весникот „Хановер алемајне цајтунг“.

Тој рече дека се работи за предлог на претставници на високообразовните институции.

Сепак, Тимлер вели дека нема да има онлајн настава престојната зима.

„Во изминатите четири семестри научивме дека пропуштањето на часови претставува огромен товар за студентите“, рече тој.