Владата на Филипините се откажа од купување 16 руски воено транспортни хеликоптери, поради страв од санкции од страна на САД, информираа тамошни официјални лица.
Поранешниот министер за национална одбрана, Делфин Лорензана, синоќа изјави дека го прекинал купувањето хеликоптери „Ми-17“ во вредност од 12,7 милијарди филипински пезоси или 227 милиони долари.
Тој одлуката ја донел минатиот месец, а одобрена е од тогашниот претседател Родриго Дутерте, пред да му заврши мандатот на 30 јуни.
– Можно е да добиеме санкции, изјави Лорензана, осврнувајќи се на можностите Вашингтон да изрази незадоволство од финализирање на договорот со Русија, во период кога има влошување на односите на САД со земјата.
Лорензана додаде дека американски безбедносни службеници се свесни за одлуката на Манила и можно е да предложат слични хеликоптери за потребите на филипинската армија.