Седиштето на руската Црноморска флота на Крим денескa беше нападнато со дрон, јавува Радио Слободна Европа.

Администраторот на Севастопол назначен од Москва, Михаил Развозаев, на социјалната мрежа Телеграм објави дека на покривот на зградата на седиштето паднал дрон, а во нападот нема жртви.

Ова е втор напад со беспилотни летала врз седиштето на руската флота на Крим. Кон крајот на јули, прославата на Денот на руската морнарица во Севастопол беше откажана откако беспилотно летало испушти бомба, при што беа повредени шест лица.

Денешниот напад се случи еден ден откако Москва потврди дека вицеадмиралот Виктор Соколов ја презел функцијата командант на Црноморската флота, по серијата неуспеси на неговиот претходник.

Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година.