Во изминатите три дена во северна Индија, најмалку 40 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, соопштија властите.

Стотици села и патишта се поплавени, а на некои места водата урна мостови.

Метеоролозите прогнозираат дека поројните врнежи ќе продолжат да врнат и во следните два дена.

Во денешното владино соопштение се наведува дека најмалку 36 лица загинале во одрони и поплави во сојузната држава Химачал Прадеш во последните три дена.

Стотици се во засолништа бидејќи нивните домови се погодени од поплави.

Во соседната држава Утаракханд четири лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати.

Поплавите и одроните се вообичаени во регионот за време на сезонските монсунски дождови кои траат од јуни до септември