Кандидатот за претседател на републиканците, Ерик Чиоти продолжува да се преставува како опозиција на претседателот Емануел Макрон. Тој побара објаснување од претседателот на Франција, кој во врска со војната во Украина, во петокот ги повика своите сограѓани да „прифатат да ја платат цената за нашата слобода и нашите вредности”, јави дописникот на МИА.
Ерик Чиоти, кој е пратеник од редовите на Републиканците, процени дека Емануел Макрон мора да се „објасни” по неговиот говор во петокот, каде што зборуваше за „плаќање цената” соочени со последиците од војната во Украина.
„Не ја разбирам оваа формула”, потврди на БФМ ТВ и РМЦ Ерик Чиоти, за кого „овие забелешки се извонредно загрижувачки, вознемирувачки”. „Претседателот на Републиката мора да се објасни: дали на воена основа ќе има посилна посветеност? Јас го оспорувам и не сакам да одиме во оваа насока бидејќи Франција не мора да биде соборец во овој конфликт”, додаде тој.
Во петокот во Бормес-ле-Мимоза (Вар), шефот на француската држава рече:
„Мислам на нашиот народ, кому ќе му треба сила на душата за да се соочи со претстојните времиња, да се спротивстави на несигурностите, понекогаш да ги олесни и неволјите и обединети, да ја прифатиме да ја платиме цената за нашата слобода и нашите вредности”.
За Ерик Чиоти, кандидат за претседател на Републиканците, „овие зборови не прашуваат за тоа што што стои зад нив? „Дали е тоа на економско ниво и таму, дали претседателот на Републиката не сака да го обвини конфликтот за неговите внатрешни грешки?”, додаде тој, мислејќи на она „што доаѓа за енергијата” со закана од раст на цените.
Според него „ако сме таму, тоа е за многу важен дел” поради „грешките во повеќегодишното енергетско програмирање” на претходната влада, особено „големата стратешка грешка” што се состои во ова „што затвораме 10 нуклеарни реактори”. Во овој контекст, Украина „веројатно е малку алиби”, рече тој.