Tотал Енерџи и Ени (оператор) направија значајно откритие на гас на бунарот Кронос-1, лоциран во блок 6, во близина на брегот на Кипар. Ова откритие следи по она на Калипсо-1 направено на истиот блок во 2018 година, јави дописникот на МИА од Париз.

Сместено на околу 160 километри југозападно од кипарскиот брег, Кронос-1 наиде на неколку интервали со добар квалитет на резервоар карбонат и потврди нето дебелина на гас од повеќе од 260 метри.

„Овој успех на истражувачкиот бунар Кронос-1 е дополнителна илустрација за влијанието на нашата истражувачка стратегија која се фокусира на ниските технички трошоци и ресурсите со ниски емисии, со цел да придонесе за енергетската безбедност и да обезбеди дополнителни ресурси за снабдување со гас во Европа”, изјави Кевин Меклахлан, директор за истражување на Tотал Енерџи.

Дупчењето на дополнителен истражен бунар на блок 6 е планирано со цел да се истражат значителни дополнителни ресурси и да се проценат најдобрите можности за развој.

Tотал Енерџи има 50 отсто од акциите во Блок 6, на кој е оператор Ени (50 отсто).

Во Кипар, Tотал Енерџи е присутен и во офшор блоковите 11 (50%, оператор), 7 (50%, оператор), 2 (20%), 3 (30%), 8 (40%) и 9 (20%).