Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги пофали украинските вооружени сили, пренесува ДПА.

Столтенберг им оддаде почит на „сите оние кои ги загубија животите или беа повредени и на сите Украинци и жени кои се борат за својата земја, својата слобода и своите најблиски“.

– Можете да сметате на поддршката на НАТО сè додека е потребно, рече тој, нагласувајќи дека Русија не смее да успее.

– Украина мора да победи и Украина ќе победи. На денот на вашата независност ви посакувам сила и успех, нагласи Столтенберг