Италијанскиот премиер Марио Драги денеска изјави дека неговата земја исполнила 80 отсто од капацитетите за складирање природен гас и е на пат да пополни 90 отсто до октомври.
На летниот фестивал во Римини, Драги рече дека со наоѓање нови извори за снабдување со гас, од Алжир до Азербејџан, Италија ја намалила зависноста од рускиот гас од минатогодишните 40 на 20 проценти.
Тој додаде дека до есента 2024 година, Италија може да стане целосно енергетски независна од Русија, доколку инсталира две нови постројки за регасификација.
– Нашата цел диверзификација од рускиот гас беше од суштинско значење за да им обезбедиме на граѓаните и бизнисите поголема сигурност во однос на стабилноста на снабдувањето, рече Драги.
Тој поднесе оставка минатиот месец откако клучните десничарски партии ја повлекоа поддршката за неговата влада, но ќе остане на функција до формирање нова влада по парламентарните избори закажани за 2 септември.