Патријархот на Руската православна црква Кирил ја откажа посетата на Казахстан, каде требаше да се сретне со папата Франциско.

Шефот за надворешни работи на Руската патријаршија, митрополитот Антониј, потврди дека Кирил нема да присуствува на состанокот од 13 до 15 септември и дека поради тоа не доаѓа предвид каква било средба со Франциско.

Кирил ја поддржува руската инвазија на Украина, нарекувајќи ја „метафизичка” борба со Западот.

Тој ги благослови Русите што одат во војна и ја застапува идејата дека Русите и Украинците се еден народ, пренесе Бета.