Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе ги посети украинските војници кои се на обука во Германија.
Од Кабинетот на канцеларот се појаснува дека тој ќе ги посети украинските војници кои се обучуваат да ракуваат со германски тенкови на воениот полигон „Путлос”.
Украински војници се наоѓаат во Германија каде се обучуваат да ракуваат со оклопни противтенковски возила од типот „Гепард”. Германија вети дека ќе испорача 30 такви оклопни возила за потребите на украинската армија.