[photo]
Руското Министерство за одбрана денеска потврди дека руските сили извршиле ракетен напад врз железничката станица во украинскиот град Чаплино и уништиле воз со двеста украински резервисти.
„Ракетниот систем „Искандер” уништи воз со двеста украински резервисти на железничката станица Чаплино во областа Дњепропетровск”, се наведува во соопштението на Министерството. Според истиот извор, во нападот биле уништени и десет единици воена опрема.
Кирило Тимошенко, заменик-началникот на Кабинетот на украинскиот претседател, претходно денеска соопшти дека бројот загинати во нападот врз железничката станица Чаплино се искачил на 25, вклучувајќи 11-годишно момче пронајдено под урнатините на куќа и шестгодишно момче кое загинало во пожар во автомобил во близина на железничката станица. Според него, во ракетниот напад се ранети 31 лице.