Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со граѓаните на Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба го пуштија во употреба новото игралиште изградено на тартан подлога во Керамидница.

За отворањето на игралиштето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Пуштено во употреба игралиштето во Керамидница.

Денес заедно со жителите од Керамидница и членовите на Советот на општина Гази Баба го пуштивме во употреба спортското игралиште кое го изградивме со најсовремена тартан подлога.

На игралиштето се поставени нови табли за кошеви и обрачи, како и две стативи за мал фудбал. Жителите на Керамидница добија нов терен за спортување и рекреација.

Секое вложување во спортот повеќекратно се враќа. На овој начин ние не само што вложуваме во спортот, вложуваме и во здравјето и образованието на нашите деца.

Верувам дека овој спортски терен ќе им помогне на многу идни спортисти да ги развијат своите таленти и во иднина да се вклучат во професионалниот спорт. - напиша Стефковски.