Украинските сили почнаа контраофанзива за јужниот град Херсон, што е под окупација на руските сили, изјави денеска претставник на локалната власт.
– Денеска имаше голем артилериски напад врз непријателските позиции … на целата територија на окупираната област Херсон, изјави заменикот на Регионалниот совет на Херсон, Сергеј Клан.
Тој додаде дека од пролетта чекаат вест за отпочнување на операција за ослободување на регионот Херсон.