Најмалку 11 лица го загубија животот на Мадагаскар кога полицијата отвори оган врз демонстранти, кои бараа од властите да им предадат четворица осомничени за киднапирање дете со албинизам и убиство на мајка.

Околу 400 незадоволни граѓани се собраа пред полициската станица барајќи да се пуштат осомничените за да се пресметаат со нив.

Полицијата одби и употреби солзавец за да ги растера насобраните лица. Но, кога толпата продолжи да напредува кон станицата, полицијата отвори оган.

„Полицајците се обиде да се избегне конфликт или насилство“ и постави безбедносен периметар околу станицата, според соопштението на полицијата.

„На насобраните граѓани им е кажано дека може да се разговара со цел да се спречи крвопролевање“, пишува во соопштението.

Оттаму посочуваат и дека многумина со себе носеле големи мачети и друг вид оружје.

Кога почнале да фрлаат камења кон полицијата, таа отворила оган.

Пратеникот од областа Иконго и потпретседател на Националното собрание на Мадагаскар, Жан Брунел Разафинцијандраофа, изјави оти мисли дека демонстрантите не биле вооружени.