Највредната лекција е дека дури ни најмоќните и највлијателни лидери нема да можат сами да ја променат историјата.
Највредната лекција која можеме да ја извлечеме од животот на последниот советски претседател, покојниот Михаил Горбачов, е дека ни најмоќните и највлијателни лидери нема да можат сами да ја променат историјата, вели Брет Баиер, политички дописник од американскиот канал "Fox News".
Во својата анализа за "Washington Post", Баиер додава дека во случајот на Горбачов ниедна ретроспектива која денеска се пишува за него не би била можна без неговиот тогашен американски колега Роналд Реган. Нивното единствено партнерство, и нивната подготвеност на дијалог дури и со своите најголеми непријатели, им овозможиле да ја пренасочат судбината на светот.
Реган ја преземал должноста во 1980-та година, како отворен непријател на Советскиот Сојуз. Го нарекувал Царство на злото и го предвидувал неговиот колапс. Неговата реторика била толку провокативна што предизвикувала тензии и судири меѓу луѓето. Но, тоа се променило во 1985-та година со доаѓањето на власт на Горбачов.
Империја на злото
Пред Горбачов, во говорите на Реган немало показатели дека Советскиот Сојуз некогаш ќе биде нешто друго освен "Империја на злото". Кога Горбачов станал лидер на СССР, не можел да се преправа дека Советскиот Сојуз е тоа што првобитните руски револуционери го замислиле. Гробачов имал храброст да се промени и ја преземал власта во момент кога неговиот американски колега бил подготвен да разговара, па тоа и го направиле.
Горбачов и Реган започнале соработка со заедничко чувство за итност поради опасноста од нуклеарна војна. Уживале во ретка хемија. Прв пат кога се сретнале, на конференција во Женева, Реган на Горбачов му раскажал виц: „Се сретнале Американец и Русин. Американецот вели: Мојата земја е најдобра бидејќи може да се оди до Белата куќа и да му се каже на претседателот дека лошо ја работи работата. „Голема работа“, рекол Русинот. И јас можам да одам во Кремљ и да му кажам на Горбачов дека Реган лошо си ја работа работата“. Горбачов благо се насмеал, не знаејќи што да одговори. Но, набрзо се навикнал на Реган, кој бил одлучен нивните состаноци да бидат отворени разговори, а не само политички.
Секој ја бранел својата визија
Реган исто така знаел да биде тежок, а со години на конференциите двајцата претседатели се расправале околу различните визии за светот кои ги имале нивните земји. Горбачов тврдоглаво го заземал партискиот став за главните прашања, а преговорите повремено заглавувале. На самитот во 1986-та година во Рејкјавик, на Исланд, Реган бил толку исфрустриран од тврдоглавоста на Горбачов што се повлекол од преговорите.
Меѓутоа, тоа не било крајот. Двете страни ги престроиле своите редови и продолжиле со одржување на самити. Полека тргнале во насока за постигнување на договор за намалување на нуклеарната закана.
Во декември 1987-ма година Горбачов и неговата сопруга Раиса пристигнале во Вашингтон, каде тој и Реган го потпишале договорот за намалување на нуклеарното оружје со среден домет. За Американците, Горбачов бил рок ѕвезда, советски лидер со многу харизма.
Но, колку и да бил популарен во САД, Горбачов не ги добивал истите признанија дома. До мај 1988-ма година Горбачов бил на работ на колапс, а неговите внатрешни реформи наишле на голем отпор. Во таа бура, Реган и неговата сопруга Ненси пристигнале во незапаметена посета на Москва.
Зад сцената
Еден од највпечатливите глетки при посетата била прошетката на Реган и Горбачов на Црвениот плоштад, што било незамисливо само неколку години порано. Зад сцената, Реган силно го форсирал Горбачов по прашањата за човековите права и други работи кои не се споменуваат.
Горбачов сметал дека во неговата земја постојат граници за прифаќањето на западните принципи. Меѓутоа, на Реган му било дозволено да одржи јавно обраќање во преполната сала на Московскиот државен универзитет, каде претседателот ги збунил студентите со фотографии од слободите кои би можеле да ги имаат.
Предводени од Горбачов, луѓето во Советскиот Сојуз полека почнале да го напуштаат тоа што последниот советски лидер подоцна го препознал како политички ќорсокак. Реган отсекогаш знаел дека половични мерки нема да го спасат Советскиот Сојуз од корупцијата. Кога ја напуштил Белата куќа и кога Буш постариот ја преземал должноста, Советскиот Сојуз веќе се распаднал.
„Во моменти како денешните, кога дијалогот изгледа невозможен и кога изгледа дека условите многу се влошиле за дискусија, најголема чест за Горбачов можеби би била лидерите оваа лекција да ја сфатат сериозно“, заклучува авторот на крајот.