Шест лица се повредени, од кои едно потешко, во пожар што денеска избувна во фабриката Нитролхимика во индустриската зона во Милано, која се занимава со производство на растворувачи и отстранување на опасен отпад.

Според локалните медиуми, изгореле илјадници литри растворувач, а од граѓаните е побарано да ги затворат прозорците.

Во гаснењето на пожарот учествувале околу 100 пожарникари, додека полицијата го обезбедувала теренот.

Биле ангажирани и хеликоптери кои земале примероци од воздухот за да се провери загадувањето.