Украинската буква „Ї“, која стана симбол на отпорот против руската окупација низ Украина, се појави на неколку јавни споменици и статуи во окупираниот Мариупол.

Како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се на извештаи од новинари од тој јужен украински град, се работи за буква што ја нема во руската азбука и која според „Еуромајдан прес“ „ги нервира окупаторите“.

Фотографиите на својот канал Телеграм ги објави советникот на градоначалникот на Мариупол, кој не се наоѓа во градот.