Додека продолжуваат борбите на југ, исток, север во Украина, соседна Белорусија започна рутински вежби за враќање на територии, во случај да ги окупираат непријателските сили, како и обезбедување на своите граници, пишува во дневниот извештај на Министерството за одбрана на Велика Британија во врска со украинската состојба.
Како што пишува, „вежбите ќе траат до 14 септември, ќе се спроведуваат кај Брест близу полската граница, околу белорускиот главен град Минск и во североисточниот регион Витебск“.
„Иако руското користење на белоруски територии беше клучно за време на неуспешното напредување кон Киев во раната фаза на инвазијата, белоруските сили имаат ограничени офанзивни способности. Многу е мала веројатноста овие вежби да се некој вид подготовка за директно вклучување на Белорусија во војната во Украина“, се наведува во извештајот.