Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа првпат телефонски разговараше со новата британска премиерка Лиз Трас, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Француското претседателство соопшти дека Макрон и Трас се договориле за зајакнување на соработката.

Во соопштението се наведува дека двајцата државници се фокусирале на поддршката на Украина и како да се одговори на последиците од конфликтот околу прашањето за безбедноста на храната и цените на енергијата.