Прекинот на работа на холандските железници што се очекуваше следната недела е избегнат откако синдикатите и железничката компанија се договорија за зголемување на платите, јави ДПА.
Евентуалниот штрајк, кој исто така би го запрел патувањето кон другите европски земји е одложен, објави холандската Конфедерација на синдикати.
Членовите на синдикатот треба да гласаат за договорот, кој предвидува зголемување на платите за 9,25 отсто во два чекора, како и две еднократни исплати од 1.000 евра во период од 18 месеци.