Белата куќа денеска соопшти дека претседателот Џо Бајден потпишува указ за дополнителни државни пари за развој на биотехнолошката индустрија, а со цел да се намали зависноста од Кина во областа на производството на ресурси за генерирање чиста енергија, Ковид-19 вакцини и изработка на нови материјали.

Според претставници на Администрацијата указот овозможува владата да доделува финансии за производство на храна, ѓубриво и семиња, како и оптимизација на рударскиот сектор.

Белата куќа планира да дискутира детали по овие прашања во среда.

Овие средства ќе се доделуваат во примени како биодизел, до вакцини против Ковид-19 и подобрување на семињата.

-Останатите земји, посебно Кина, имаат агресивни инвестиции во овој сектор, што потенцијално може да го намали лидерството и конкурентноста на САД, изјави претставник на Администрацијата.

Бајден ќе го претстави указот денеска во Бостон, каде настапува со говор за. иницијатива за стимулации на истражувањата, разработка на нови методи за лекување и намалување на смртноста од заболувања од рак.