Пакистанскиот суд му ја продолжи кауцијата на поранешниот премиер Имран Кан за уште четири дена, поради обвинение за тероризам, а во врска со говор каде, наводно, се заканувал на полициски и судски службеници, соопшти неговиот адвокат.
Полицијата го обвини Кан во август, ова е четврти пат да обезбеди кауција за да не биде уапсен.
Адвокатот на поранешниот премиер негираше дека Кан им се заканувал на официјални лица. Неговите зборови, според адвокатот, се извадени од контекст.
– Ова претставува кршење на законот за борба против тероризмот и исмејување на нашата земја, нагласи адвокатот.
Случајот со тероризам е само еден во низата правни проблеми за Кан, кој е соборен од премиерското столче со гласањето во парламентот во април.
Судот минатата недела соопшти дека наредните денови ќе го обвини Кан за непочитување на судот, што би можело да го отстрани од политиката најмалку пет години.
Кан, кој сè уште има поддршка, организира политички собири низ земјата со цел да изврши притисок врз владата да одржи вонредни избори.
На еден од тие собири, тој жестоко ги критикуваше полициските и судските службеници, како и воениот врв.
Официјално, општи избори не се закажани пред ноември наредната година. Но, Владата наведе дека изборите ќе бидат одржани на време и оти отфрлен е повикот на Кан за вонредно излегување да се гласа.