Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во денеска донесена пресуда ја осуди Франција затоа што не ги вратила „ќерките и внуците на апликантите притворени во камповите во Сирија“, јави дописникот на МИА.

Франција, според ЕСЧП, го прекршува членот 3 § 2 од Протоколот бр. 4 („Никој не смее да биде лишен од правото да влезе на територијата на државата чиј државјанин е“) на Европската конвенција за човекови права.

Според Судот, француските државјани и нивните деца немаат корист од општото право на репатријација според правото на влез на националната територија предвидено со гореспоменатиот член.

Како и да е, „одбивањето на барањето за враќање на националната територија, било поради тоа што надлежните органи одбиле да го одобрат, или затоа што тие се труделе да го исполнат без резултат, мора да биде предмет на соодветно индивидуално испитување од независно тело одговорно за следење на неговата законитост“.

И во овој конкретен случај, Судот смета „дека ситуацијата на роднините на апликантите откри постоење на исклучителни околности како што ја поттикнуваат обврската да се опкружи процесот на одлучување со соодветни заштитни мерки против самоволие“.

Апликантите кои „биле лишени од каква било можност ефективно да ги оспорат причините дадени од овие органи и да потврдат дека овие одбивања не се засновани на некакво самоволие“, Судот „прецизира дека француската Влада е должна да продолжи со испитувањето на барањата на апликантите што е можно поскоро, опкружувајќи го со соодветни гаранции против самоволието“, се заклучува во пресудата.