Дванаесет летови на компанијата Браселс Ерлајнс се укинати утре и задутре на бриселскиот аеродром поради штрајкот на француската контрола за летање, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролката на белгиската авиокомпанија, Браселс Ерлајнс, изјави дека на барање на воздушните оператори од Франција се укинуваат дванаесет летови во четврток попладне и во петок, додека во Франција, Ер Франс укинува меѓу 400 и 800 летови поради штрајкот.
Контролата на летање во Франција бара подобри финансиски услови поради инфлацијата што ја погоди Европа и гаранции за идните вработувања.
Синдикатите најавија дека се подготвува уште еден штрајк на крајот на септември.